ЕУ планира да отвори канцеларија на Гренланд поради клучните суровини

Сподели со своите пријатели

ЕУ ќе отвори канцеларија на Гренланд за да преговара за пристап до резервите на суровини потребни за транзиција кон енергија со ниска содржина на јаглерод, рече трговскиот советник на ЕУ, Томас Баерт.

Loading...

Канцеларијата ќе биде отворена во петок, на вториот ден од официјалната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и данската премиерка Мете Фредериксен на Гренланд.

„Ние секако сакаме дополнително да ја прошириме нашата соработка во областа на клучните суровини“, изјави за новинарите во вторникот Баерт, советник на претседателот на ЕК за трговија.

Фон дер Лајен и Фредериксен ќе ги посетат и Фарските Острови за време на нивната дводневна официјална посета.

И Гренланд и Фарските Острови се самоуправни територии и не се дел од ЕУ, но се дел од Данска, која е членка на Унијата.

Тие се наоѓаат на стратешки важна позиција во Атлантикот.

Гренланд е меѓу областите со најголеми резерви на ретки минерали во светот, кои се потребни за производство на голем број технолошки уреди и за транзиција кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод.

Фарските острови се богати со риби, а и Данска планира да постави радар.

Loading...

Геополитичка посета

„Посетата на претседателката Фон дер Лајен на Гренланд и на Фарските Острови навистина треба да се гледа речиси како геополитичка посета“, рече Баерт, додавајќи дека ЕУ исто така се стреми да ја зајакне својата позиција на Арктикот во контекст на еколошките и безбедносните прашања.

ЕУ нема ниту рудници ниту погони за преработка на „технолошки“ суровини и се обидува да ја намали својата зависност од Кина, која доминира во нивното производство.

САД отворија конзулат во главниот град на Гренланд Нук во 2020 година, една година откако тогашниот американски претседател Доналд Трамп понуди да го купи островот како дел од обидот на Вашингтон да го прошири своето дипломатско и комерцијално присуство на Гренланд и на Арктикот.