Европската унија не доби „никакво официјално известување“ во врска со новите американски царини, соопшти Европската комисија откако претседателот Доналд Трамп објави царина од 25 отсто за челикот што пристигнува во неговата земја.
Loading...
„Нема да одговориме на општи изјави без конкретно или писмено појаснување“, се вели во соопштението на Комисијата, додавајќи дека ќе реагира за заштита на интересите на европските компании во случај на „неоправдани мерки“.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро утринава изјави дека ЕУ ќе реагира на воведувањето на новите царини што ги најави Трамп.
Администрацијата на Трамп објави царини од 25 отсто за челик и алуминиум увезени во САД.