ЕУ најавува контрамерки за Трамп

Сподели со своите пријатели

Европската комисија најави контрамерки како одговор на последниот бран американски царини воведени од претседателот Доналд Трамп.

Loading...

Најголемо влијание досега доживеаја секторите на алуминиум и челик, но на удар се и автомобилите и широката палета на индустриски производи, пренесува Biznis.ba.

На 2 април Трамп објави нови трговски мерки со кои најави царини од минимум десет проценти за повеќето земји, додека царини од дури 20 проценти беа поставени за Европската унија и 34 проценти за Кина. Мерките стапуваат на сила на 9 април.

Иако останува неизвесно дали тарифите ќе останат постојани или само преговарачка алатка, нивниот ефект е непосреден – милијарди долари пазарна вредност испари од берзите ширум светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германски министер: Видов што рече Маск. Тоа е знак на слабост и страв!

ЕУ подготвува одговор во координација со земјите-членки, а истовремено расте глобалното незадоволство.

Милиони граѓани во 50 американски сојузни држави и ширум светот излегоа на протест против економската политика на Трамп, но и против влијанието на Илон Маск, сметајќи ги за главни актери во дестабилизацијата на пазарите и институциите.