Европската унија постигна договор за создавање сопствен сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра.
Претставниците на Европскиот парламент и на Европскиот совет постигнаа договор за иницијативата што Европската комисија ја најави уште во февруари.
Потегот на ЕУ доаѓа во услови на зголемена загриженост поради рускиот и кинескиот воен напредок во вселената и големите лансирања на сателити.
Имањето сопствен сателитски интернет систем може да му помогне на европскиот блок да го забрза воведувањето на широкопојасен интернет во Европа, што би ја опфатило и Африка, што ќе и овозможи на ЕУ да им понуди на африканските земји алтернатива на кинеските оператори, пренесува Танјуг.
Развојот и распоредувањето на сателити би можело да започне следната година, а предложениот сателитски интернет систем би можел да вклучи изградба и лансирање до 170 сателити во ниска орбита помеѓу 2025 и 2027 година.