ЕУ ќе воведе санкции за организаторите на нелегални референдуми

Сподели со своите пријатели

ЕУ смета дека референдумите за приклучување кон Русија организирани во украинските региони се „нелегални“ и сите лица кои учествувале во нивната организација ќе бидат казнети, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Loading...

„Сите лица кои учествуваа во организирањето на тие нелегални референдуми и кои ги поддржаа ќе ги сносат последиците“, изјави портпаролот на Борел, Петер Стано на редовната дневна прес-конференција во Брисел.

Европската унија подготвува нови економски и индивидуални санкции против Русија, а на листата ќе бидат додадени и лица кои јасно се вклучени во тие референдуми, изјави денеска во обраќањето пред Европскиот парламент еден од соработниците на Борел, Лук-Пјер Девињ.

„Секоја поддршка за тие незаконски референдуми е незаконска. Се зависи од вклученоста во таа поддршка“, рече Стано и додаде дека земјите-членки на ЕУ ќе утврдат дали активностите на тие лица се предмет на санкции и дали има причини да се воведат санкции за нив.

За воведување нови санкции потребна е едногласна одлука на европските дваесет и седум.

ЕУ веќе воведе шест рунди санкции против Москва, вклучително и суспендирање на купување јаглен и нафта.

Таа, исто така, стави повеќе од илјада Руси, вклучително и претседателот Владимир Путин и бројни олигарси, на црната листа на лица на кои им е забранет влезот во Унијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...