ЕУ го покани Зеленски на самит

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската одбрана.

Loading...

„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ.

Вонредниот самит што ќе се одржи во четврток ќе биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.

„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3-ти февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, способна и подобро опремена да се соочи со непосредните и идните предизвици за нејзината безбедност“, вели Коста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон во Лондон во недела на состанок на европските лидери

Во однос на Украина, „постои нов моментум што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.

„Европската унија и нејзините земји-членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа. Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.