Индонезиските власти денеска соопштија дека во тек е евакуација на 3.000 жители од островот Халмахера на истокот од архипелагот по ерупцијата на вулканот Ибу.
Loading...
Колона чад се издигнува на четири километри над вулканот, чија ерупција почна вчераутро.
Геолошкиот завод издаде предупредување на највисоко ниво, поради што локалните власти повикаа 3.000 луѓе да ја напуштат загрозената област.
Вулканската активност на планината Ибу е зголемена од јуни 2024 година, по серијата земјотреси.
Вулканот еруптираше девет пати од почетокот на оваа година.
Индонезија е дел од Пацифичкиот огнен прстен, област со голема сеизмичка и вулканска активност.