Подводниот вулкан Ист Епи, кај островот Вануату во Пацификот, еруптираше исфрлајќи пепел во височина до 100 метри.
Воспоставен е безбедносен периметар од 10 километри околу подводниот вулкан, кој се наоѓа на околу 68 километри северно од Порт-Вил, главниот град на оваа пацифичка нација.
Над локацијата најпрво беше забележана пареа, а потоа вулканот утрово почна да исфрла пепел.
Властите велат дека бродовите и авионите треба да ја избегнуваат областа.
„Го повикуваме локалното население да внимава на можни силни експлозии бидејќи ерупциите сѐ уште траат“, изјави за АФП Рикардо Вилијам, специјалист за вулкани во Одделот за метеорологија и геолошки опасности во Вануату.
Вулканската активност започна околу 8:00 часот по локално време (23:00 часот вторник по средноевропско време), според локалниот метеоролошки оддел.
Претставник на владата изјави за АФП дека земјата почнала да се тресе, а чад се надвива над местото од почетокот на ерупцијата. Тој рече дека почнале и експлозии, а се уште се чувствува непријатниот мирис на сулфур.
Властите го подигнаа нивото на тревога за вулканите на прво ниво, од можни пет, што укажува дека станува збор за „мали тешкотии“.
Жителите на околните острови Епи и Тонгоа се повикани да избегнуваат излегување на брегот.
Официјалните лица во соопштението изјавија дека иако центарот за предупредување за цунами лоциран во Алјаска, САД, нема регистрирано никаква активност во регионот на Вануату, таквите ерупции можат да создадат бранови од цунами.
Vanuatu- East Epi submarine volcano eruption this morning. Credit to different sources for the pictures. pic.twitter.com/Y5Y3FPzqej
— Philip Malsale (@realPhilMalsale) February 1, 2023