Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Сподели со своите пријатели

Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес за да спречи влошување на ситуацијата во земјата разурната од војна, изјави во вторник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани.

Loading...

„Приоритетот на Турција е во зачувувањето на мирот надвор од нејзините граници, како и во заштитата на цивилите“, рече Ердоган, пренесува Anadolu Agency.

Тој ја истакна важноста на „единството, стабилноста и територијалниот интегритет“ на Сирија, додавајќи дека Турција „по ова прашање е на иста страна како Ирак“.

Ердоган истакна дека Анкара „во согласност со својата национална безбедност и интереси, презеде и ќе преземе чекори за да ја спречи терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, кои сакаат да имаат корист од развојот на настаните“, се додава во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирија: Владините сили ги запреа бунтовниците во близина на градот Хама

Судирите во Сирија избија на 27 ноември меѓу силите на претседателот Башар ал-Асад и вооружените групи против режимот во западниот дел на Алепо, на северот на земјата, што означи реескалација на борбите по периодот на релативно затишје во граѓанската војна што ја зафати Сирија во 2011 година, објави турската новинска агенција.