Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција чека повеќе од 50 години пред вратата на Европската унија и дека ќе го даде потребниот одговор кога ќе дојде време.
– Не принудија да страдаме пред вратата на ЕУ повеќе од 50 години. Тие сè уште продолжуваат да го прават истото. Но, ќе одговориме кога ќе дојде време – рече Ердоган за време на говорот на доделувањето на „Највисок орден на турскиот свет“.
Во 1963 година Турција потпиша договор за влез во ЕУ (во тоа време Европската економска унија), а во 1987 година поднесе барање за членство во Унијата.
Сепак, пристапните преговори започнаа дури во 2005 година и постојано беа суспендирани поради несогласувања.
Во моментов се отворени 16 од 35 поглавја на преговарачкиот процес.