Ердоган му удри шлаканица на момче затоа што не сакаше да му бакне рака: Го прегрна и му даде џепарлак

Сподели со своите пријатели

Видеото на кое се гледа како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му удира шлаканица на момче затоа што не сака да му бакне рака, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Loading...

Инцидентот се случи за време на церемонијата на отворање на реновирани куќи во северната провинција Ризе овој викенд.

По говорот, Ердоган на сопствениците им ги подели клучевите од обновените куќи.

Две момчиња од едно семејство излегоа на сцената пред своите родители. Кога излегоа на сцената, Ердоган им подаде рака да ja бакнат.

Едно од момчињата збунето го гледаше турскиот претседател неколку секунди, а потоа одби да му ја бакне раката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 сцени од поплавената Австрија кои изгледаат како крај на светот (ВИДЕО)

После тоа Ердоган му удри шлаканица. Продолжи да го држи за рака очекувајќи момчето да ја бакне, но само ја подаде и се поздрави.

После тоа момчето му ја бакнало раката на Ердоган, а потоа Ердоган извадил пари од џебот и му дал џепарлак.

Потоа, на Ердоган му пришол постариот брат на момчето, кој веднаш му ја бакнал раката на Ердоган и добил и пари.

Loading...

Бакнувањето рака на постар човек е обичај во Турција и подразбира покажување почит кон постарата личност.

Да потсетиме, претходно за време на инаугурацијата, Ердоган исто така „на шега“ удри момче по глава додека мафташе со лента.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во Келн, едно лице повредено, полициска акција во тек