Елитна гранична полиција која ги чува Хималаите на температури длабоко под нулата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Припадници на индо-тибетанската гранична полиција носат воена униформа, со дебели чизни и тешки јакни. Нивната работа е да ја чуваат големата граница помеѓу Индија и Кина, каде температурите на планината често паѓаат далеку под нулата. Покрај своите редовни должности, припадниците на полицијата вежбаат и јога на Хималаите.

На исклуителни локации кои се скоро непристапни за остатокот од светот, често во полна воена опрема, тренираат една од најстрашните и најистакнатите индиски традиции како дел од режимот на благосостојба.

Loading...

Нивните вежби вклучуваат физички и ментални активности, ако и техники на дишење кои помагаат на членовите да се прилагодат на големата надморска височина, пишува CNN.

 

 

Така овие елитни сили се придружиле на заговорниците на јогата ширум светот за да ја подигнат свеста за многуте предности на овој начин на вежбање.

– Јогата го соединува умот и телото, мислите и акциите, задржувањети и исполнувањето, хармонијата помеѓу човекот и природата, севкупниот пристап до здравјето и благосостојба, рекол индискиот премиер Нарендра Модина на Генералното собрание на ОН во 2014 година. Тој додал дека не се работи за вежбање туку за „октривање на чувствата на еднаквост со самиот себе, светот и природата“.

 

 

Така и индо-тибетанската грнаична полиција ги истакнува предоностите на јогата и наведува дека тоа е потребна вештина за новите регрути.

На нивниот официјален профил на Твитер, покрај сведочењето за епските планинарења, скокови и скијања, недамна се појави и хаштаг за меѓународниот ден на јогата.

 

Loading...

 

Така нивните следбеници, кои ги има над 86.000, можеле да видат како елитната гранична полиција има сесии кај замрзнатото езеро и глечер и на падините на планината со поглед кон Хималаите.

Leave a Reply