Експлозивна направа пронајдена во Слупчане

Сподели со своите пријатели

Експлозивна направа била пронајдена во липковското село Слупчане, по што утринава пиротехничар излегол на терен.

Loading...

– На 20.11.2023 година во 06.00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Слупчане, липковско, била пронајдена експлозивна направа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а направата билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово