Експлозија во Тел Авив, Хутите извршија напад со дрон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снимен е моментот на експлозијата предизвикана од напад со дрон утрово нешто по 3 часот во Тел Авив.

Loading...

Да потсетиме, нападот со беспилотно летало во кој едно лице загина, а 10 лица беа ранети го извршија јеменските Хути.

 

 

Јеменските Хути постојано лансираа беспилотни летала и проектили кон Израел за време на деветмесечната војна за поддршка на Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелски министер: Не смееме да застанеме ниту за момент, мора да ја окупираме цела Газа

До денес, нападите беа пресретнати или од Израел или од западните сојузници со сили стационирани во регионот.

Неколку часа по нападот, Хутите објавија дека стојат зад него.

Loading...

 

 

Не е јасно како дронот ја избегнал израелската воздушна одбрана

Израелската војска соопшти дека ја проверува експлозијата и ги зголемува воздушните патроли по инцидентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас размислува за примирје, но војната се уште трае: Ќе дојде ли до договор?

„Првичната истрага покажува дека експлозијата во Тел Авив била предизвикана од падот на авионот, а сирените не биле активирани. Инцидентот внимателно се истражува“, соопшти армијата.

 

 

Loading...

Војската додава дека воздушните патроли се засилени за да се заштити израелскиот воздушен простор, но не се наредени нови мерки за цивилна заштита.

Не е јасно како дронот ја избегнал израелската воздушна одбрана.

 

 

Окружниот командант на Тел Авив, Перец Амар, рече дека полицајците не можеле да ја лоцираат точката на контакт, што укажува на тоа дека експлозијата се случила во воздух.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Израел користел бомба од 230 килограми во напад врз кафуле полно со луѓе во Газа?

 

 

Loading...