Експлозија во Келн, едно лице повредено, полициска акција во тек

Сподели со своите пријатели

Во центарот на Келн утрово се случи експлозија во која, според германските медиуми, едно лице е повредено, а по експлозијата следела полициска операција.

Loading...

Во експлозијата е повреден чистачката и пренесена во болница, пренесува Билд.

Првично медиумите објавија дека во експлозијата нема повредени.

ТВ WDR објави дека е оштетен влезот на деловна зграда.

Експлозивната направа, како што додава WDR, експлодирала утрово околу 6 часот пред ноќен клуб.

Од детонацијата паднале плочки од таванот, а прозорските стакла испукале, пренесува Велт.

Засега не се знае дали се работи за цел напад.

Полицијата на социјалната мрежа Икс соопшти дека е во тек голема операција во областа Хоенцолернринг и дека граѓаните треба да ја избегнуваат областа.

Loading...