Експлозија на нафтени терминал во Гвинеја: Има мртви и ранети

Сподели со своите пријатели

Се стравува дека повеќе луѓе загинале во експлозија на нафтен терминал во главниот град на Гвинеја, Конакри, потврди денеска претставник на локалната полиција.

Loading...

Според него, неколку лица се ранети.

„Да, има мртви и ранети“, изјави претставник на локалната полиција за Ројтерс.

Експлозијата го потресе квартот Калум во централниот дел на Конакри, скршејќи ги прозорците на неколку блиски станбени згради и принудувајќи стотици луѓе да го напуштат подрачјето на експлозијата.