Најмалку 16 рудари се повредени денеска во експлозија на метан во рудник за јаглен во јужна Полска, при што 14 од нив се пренесени во болници, а уште еден рудар е извлечен од рудникот, соопшти компанијата JSW и службите за итни случаи.
Loading...
Компанијата соопшти дека гасот се запалил на длабочина од повеќе од 850 метри, објави полската државна новинска агенција ПАП.
Во моментот на експлозијата во тој дел од рудникот имало 44 лица, според рудникот, пренесе Ројтерс.