Експлозија и пожар во хемиска фабрика во близина на Хјустон

Сподели со своите пријатели

Во хемиска фабрика во предградието на Хјустон во американската сојузна држава Тексас денеска дошло до експлозија, а потоа и пожар, при што едно лице е повредено.

Loading...

Официјалните лица сè уште истражуваат што ја предизвикало експлозијата во фабриката во Пасадена, што се случи околу пладне по локално време.

Првилиминарните информации сугерираат дека пожарот започнал додека течен природен гас се пренесувал од камион-цистерна до складиштето, изјавија претставници на округот Харис на конференција за новинарите.

Повредениот е пренесен во болница и е во стабилна состојба, а повредите по се изгледа не се опасни по живот.

Локалните медиуми покажаа голема огнена топка на местото на фабриката, по што од таму избувна голем облак од црн чад.

Пожарникарите подоцна го изгаснале пожарот, а околните патишта биле накратко затворени за сообраќај.

Сопственик на фабриката е INEOS Fenol и произведува кумен, органска хемикалија која се користи за производство на хербициди и пестициди, производи за чистење и делови за автомобили, пренесува Бета.

Во Пасадена на граѓаните не им беше наредено да се заштитат, а прелиминарните тестови на воздухот, наводно, не покажале загадување што може да му наштети на населението.

Loading...