Експлозија одекна во Куманово во текот на раните утрински часови.
Loading...
Кумановчани, видно вознемирени, на социјалната мрежа Фејсбук споделуваа прашања за тоа што се случува во градот, и од каде доаѓа тресокот кој одекна во градот.
Настанот е потврден од СВР Куманово, со информации дека во 04 часот и 29 минути, активирана е експлозивна направа на градскиот плоштад, во тунелот кој води кон паркингот кај Чоробенско ќоше.
Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета.
СВР Куманово и екипите на крим – техника во моментот вршат увид на лице место.