Експлозии во три електрани во Украина

Сподели со своите пријатели

Хидроцентралите Днепар, Днестар и Кременчук во Украина беа погодени од експлозии, објави денеска украинскиот медиум „Зеркало Недели“, без да даде детали, пренесе агенцијата ТАС С.

Loading...

Владимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, претходно денеска изјави дека е погодена трафостаницата лоцирана во близина на хидроелектраната Днепар во градот Запорожје, што делумно го прекина снабдувањето со електрична енергија.

Хидроцентралата Днипро е најголемата хидроцентрала во Украина.

Хидроцентралата Кременчук се наоѓа во градот Светловодск во регионот Кировоград, а хидроцентралата Днестар е во близина на градот Новодњестровск во областа Черновци, на југозапад од Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.