Истражувањата велат дека е потребна промена на концептот на работата ширум светот, односно да се намали работното време во текот на неделата за да ја „сочуваме планетата“. Работното време, велат експертите истражувачи, негативно влијае на климатските промени и животната околина.
Британците, според нивното мислење би требало да работат девет часа неделно, Швеѓаните би требало да намалат на 12, а Германците на шест часа.
Се повикуваат работници и работодавачи ширумс ветот да ги почитуваат овие упатства, затоа што во спротивно, ќе се случи хаос во климатските промени.
Истражувањата велат дека од одморањето дома не е само „работа на луксузот“ туку неопходно за споменатите работи.
– Одржливото оптшество, поради зачувување на животната средина би требало да повлече многубројни чеори и да направи многу стратегии, а со намалување на работното време е една од нив, вели Вил Стронг, директор на независниот истржаувачки центар „Автономија“ во Велика Бритнаија.
УПОТРЕБА НА РОБОТИТЕ БИ ЈА СПРЕЧИЛА ОПАСНОСТА
Стронг објаснува дека е можно да се намали работното време на луѓето благодарение на поголемата употреба на роботите.
– Технологијата доволно напредуваше, а работите се повеќе обавуваат работи кои ги прават луѓето. Доколку правилно се конципира таа работа, можни се пократки работни седмици. Загадувањето на животната средина е толку голема што намалувањето на работата во фабриките е неопходен процес кој итно треба да се редуцира, истакнува Стронг.
ЗА ИСТИ ПЛАТИ – ЧЕТИРИ ДЕНА НЕДЕЛНО НАМЕСТО ПЕТ?
Новите истражувања на научниците докажале дека, работата од четири дена неделно луѓето би ги напраивла посреќни и поздрави.
На новиот економски форум, претходно годинава, разгледано е тоа работно време да се намали од пет на четири работни дена во неделата, а луѓето да бидат плаќани како и досега, и покрај тоа што ќе работат помалку.
Додаваат дека работата од 50 или 60 часа неделно е често фатална како по физичкото, така и по психичкото здравје на работниците. Особено се апелира до Обединетото Кралство, Шведска и Германија да го редуцираат работното време. Во тие земји просекот на неделно работно време е нешто над 40 часа.
Иако во извештајот на Новиот економски форум се апелира на намалување на една работна недела од пет на четири дена за иста плата, многумина Британци истакнале дека немаат ништо против кога би биле помалку платени за тој ден одмор повеќе кој би го потрошиле на омилени активности во кругот на семејството и пријателите.
Во истражувањето кое е објавено во јануари годинава, 60 отсто од Британците сакаат да работат четири дена неделно.