Експерти на МААЕ започнаа истрага за руските наводи за „валкана бомба“

Сподели со своите пријатели

Експерти од агенцијата за нуклеарно набљудување на Обединетите нации во вторникот започнаа инспекција на две локации за кои Русија тврди дека произведуваат таканаречени „валкани бомби“.

Loading...

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во соопштение наведува дека инспекциите започнале на две локации во Украина и наскоро ќе бидат завршени.

Инспекциите ги побара Киев по руските наводи.

Водечките руски претставници, вклучително и претседателот Владимир Путин, упатија неосновани обвинувања дека Украина се подготвува да употреби таканаречена валкана бомба, експлозивна направа збогатена со радиоактивни материјали.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија во писмо до членовите на Советот за безбедност минатата недела изјави дека украинскиот нуклеарен истражувачки објект и рударската компанија „примиле директни наредби од режимот Зеленски да развијат таква валкана бомба“, пренесува АП.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.