Експерт за змии пронајден мртов во својот дом, а покрај него лежел огромен питон (фото)

Сподели со своите пријатели

Искусен експерт за змии бил пронајден мртов во својата спална соба само неколку метри од својот миленик питон, кој избегал од кафезот.

Љубителот на животни Дан Брандон (31) претрпел сериозни повреди од кои починал во својот дом во англискиот град Хампшир, каде живеел со своите родители и бројни егзотични миленици, пишува Дејли мејл.

45 минути сурова борба на двајца питони поради женка (видео)

Loading...

Неговиот профил на социјалните мрежи е исполнет со фотографии од него и питони, а пријателите коментирале дека „не е нормален“. На една фотографија е обвиткан со албино питон, чија просечна должина е од 5,5 метри и тежина од 71 килограми.

 

 

– Беше опседнат со диви животни, змии, пајаци и птици, велат неговите пријатели.

Полицијата ја потврдила неговата смрт, а истрагата упатува на тоа дека го усмртил токму питонот. Сепак, истрагата се уште е во тек, а допрв треба да се истражи дали змијата учествувала како причина за смртта.

Човек извлечен од утробата на питон долг 7 метри (вознемирувачко видео)

Истражителите чекаат целосни токсиколошки резултати од обдукцијата. Од нив ќе зависи дали ќе се отвори истрага.

Покрај тоа што бил затечен во близината на телото на сосптвеникот, негов пријател смета дека питонот нема никаква врска со неговата смрт.

 

 

Loading...

Било како било, познато е дека питоните може да бидат смртоносни. Така претходно оваа година, еден питон уби човек во Индонезија, додека две момчиња се убиени во Канада откако еден питон избегал од продавница за домашни миленици.

Уловиле питон од осум метри и 250 килограми (видео)

Питоните инаку убиваат она што подоцна ќе го изедат, а се верува дека ова е прв таков случај во Велика Британија, пишува „Мирор“.