ЕК ѝ обезбеди на Украина уште 1,5 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, соопшти дека ЕК обезбедила исплата на уште една транша од макрофинансиската помош за Украина во износ од 1,5 милијарди евра.

Loading...

– Денеска ѝ обезбедуваме на Украина уште 1,5 милијарди евра како дел од нашиот годишен пакет макрофинансиска помош – напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа изјави дека ЕУ ќе продолжи да ѝ помага на Украина да се спротивстави на руската агресија, да го поддржи функционирањето на украинските институции, како и да и помага во спроведувањето важни реформи.

Во декември 2022 година, Советот на ЕУ одобри одлука за макрофинансиска помош за Украина за 2023 година во износ од 18 милијарди евра со грејс период од 10 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Во јануари 2023 година, Европската комисија и плати на Украина 3 милијарди евра како прва транша од таа помош, според Интерфакс Украина.

Почнувајќи од март, плаќањата се вршат месечно во износ од 1,5 милијарди евра.

Претходната уплата беше на 21 март.