Едноставен трик за брзо разладување на возилото. Функционира дури и ако немате клима! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Климата во автомобилот е задолжителна за време на жешките горештини, но има причини зошто не лади доволно.

Loading...

Во тој случај, можете да го примените трикот на автомеханичарот Нејтан кој привлече големо внимание на TikTok.

Тој откри колку брзо и ефикасно можете да издувате топол воздух од автомобилот.

Многумина напишаа дека трикот е одличен затоа што може да се примени пред поаѓање, дава резултат, а после тоа нема потреба да се отвора прозорец додека возите.

Отворените прозорци можат да согорат повеќе гориво, а климата користи повеќе бензин и дизел.

„Ќе ви покажам како да го изладите вашиот автомобил кога надвор е навистина топло. Ова е најбрзиот и најдобриот начин”, рекол Нејтан и открил дека едноставен маневар со вратата може да помогне.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотните бранови ширум светот се подолги: Над 300 милиони луѓе се погодени

„Ставете го клучот, спуштете го совозачкото стакло, оставете го прозорецот на возачот кренат и замавнете со вратата неколку пати. Ова всушност ќе го издува целиот воздух и веднаш ќе го излади вашиот автомобил во жешкото лето“, откри тој.

 

Loading...
@nathansbmwworkshop How To Instantly Cool The Inside Of Your Car In The Summer !!!#cartricks #cartricksandtips #cartricksandtipspart26 #carsecrets #carhack ##carhacksandtips ♬ original sound – Nathansbmwworkshop