Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода кај село Доброшане

Сподели со своите пријатели

Педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени вчеранавечер на магистралниот пат Куманово – Свети Николе кај с. Доброшане,  кога ПМВ „Опел кадет“ од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.

Од здобиените повреди, лицето  Г. С починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, додека помладиот брат 38-годишниот Н.Д се здобил со телесни повреди.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

 

Loading...