Една цигара по оброк е рамна на 10 цигари запалени истовремено

Сподели со своите пријатели

Повеќето пушачи сакаат да посегнат по цигара веднаш штом завршат со оброкот. Некои тоа го прават затоа што сакаат да и „помогнат“ на храната побрзо да се свари, а некои не се свесни колку штета му нанесуваат на својот организам со оваа навика.

Loading...

Силната желба за цигара и поривот за пушење после јадење е нешто со кое можат да се поистоветат повеќето пушачи. Често веднаш палат цигара затоа што мислат дека така побрзо ќе се свари храната, но научниците не ја поддржуваат таа нивна теорија.

Имено, цигарата посебно ги иритира цревата, но и остатокот од дигестивниот систем кој тогаш влијае на целото тело. Никотинот од цигарата се врзува со кислородот во крвта затоа што после јадењето, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира.

Поради тоа, пушењето после јадење може да предизвика цела низа тешки проблеми во дигестивниот систем, од иритација до посериозни болести. Луѓето кои боледуваат од улцерозен колитис и синдром на иритабилно дебело црево, би требало да го избегнуваат пушењето во широк круг, а оние кои се пушачи задолжително би требало да се откажат од цигара после јадење, затоа што тоа пушењето дополнително ги влошува симптомите на нивните болести и го отежнува варењето на храната.

Бројни истражувања покажале дека пушењето после јадењето е 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара после јадење има дејство како да сте испушиле 10.

Затоа, пушачите после оброкот треба да почекаат минимум половина час пред да запалат цигара.


Leave a Reply