Ѕвездите на Икс – Фактор ќе настапат во Скопје Сити Мол

Сподели со своите пријатели

Финалистите од најгледаното музичко шоу X-фактор Адриа доаѓаат во Скопје Сити Мол.

Loading...

Во понеделник се најавува големо дружење со најголемите ѕвезди од ова балканско шоу, токму на местото каде што се одржуваа аудицииите за Македонија.

Со почеток во 20 часот, посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите, но и да се дружат со финалистите од X-фактор.

На сцената ќе настапат 9 Контрол, Боби Мојсовски, Давид Темелков и Амел Чуриќ со песни со кои стигнаа до самото финале.