Џорџ Буш: Зеленски може да победи во војна против Русија

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш, го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „цврст тип“ кој може да победи во војната против Русија.

Loading...

Меѓутоа, Буш истакна дека Зеленски тоа може да го направи само додека САД и „слободниот свет“ не стигнат до точка каде што веруваат дека повеќе не вреди да се поддржува Украина.

Буш рече дека верува оти историјата ќе му суди на Зеленски „како извонреден лидер“ и додаде дека е важно Соединетите Американски Држави да продолжат да ја поддржуваат борбата на Украина против Русија.

– Неуспехот во Украина ќе влијае на идните генерации Американци. Нестабилна Европа, Европа во која тиранин е на марш, ќе влијае на нашата национална безбедност – рече Буш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...