Поранешниот американски претседател Џорџ Буш откри дека еднаш во Санкт Петербург вечера му послужил Евгениј Пригожин, водачот на Вагнер кој загина во авионска несреќа минатиот месец.
Говорејќи преку видео врска на конференцијата за Европската стратегија на Јалта во Киев овој викенд, Буш беше прашан за неодамнешната смрт на Пригожин.
„Она што ме шокираше е тоа што пред некој ден видов слика од самитот на Г8 во Санкт Петербург каде Пригожин беше момчето што ме послужуваше со храна“, рече поранешниот американски претседател и додаде:
„Тој беше готвач. Единствено што знам е дека преживеав“.
Ова се слики од средбата во 2006 година на кои во позадина се гледа Пригожин, пишува Киев пост, додавајќи дека тоа не е нивна прва средба.
Пригожин е и на фотографиите од 2022 година.
2002 год, Джордж Буш в гостях у Владимира Путина. В роли официанта – Евгений Пригожин. pic.twitter.com/rTou84k3wa
— Dmitry Kolezev (@kolezev) November 23, 2022
Пред да стане познат ширум светот како шеф на една од најозлогласените светски платенички групи, Пригожин бил вклучен во бизнисот со храна и често обезбедувал кетеринг за настани организирани од рускиот претседател Владимир Путин. Затоа го добил името „готвач на Путин“.
Буш на конференцијата рече и дека инвазијата на Украина не е последниот чекор за Путин.
„Тој сака голема империја и сега е време да го запреме. Мислам дека тој денес е помоќен отколку кога бев претседател. Тој не се плаши да ја искористи моќта за да влијае на својата иднина, но загриза малку поголемо парче месо отколку што може да соџвака“, додаде Буш.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.