Дводневно третирање од крлежи – избегнувајте ги зелените површини

Сподели со своите пријатели

Како што информира Општина Куманово, во четврток и петок оваа недела,  зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите,а со цел спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Loading...

Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршениот третман.