Две лица осомничени за проневера при учество на тендер во ЈП ”Чистота и зеленило”

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Б. (43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против И.Б.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Loading...

Лицето Р.Б. како управител на ДТПУ „М – Трго Авто“ ДООЕЛ- Скопје му дозволила на второпријавениот во претходно изготвено уверение за даноци и придонеси издадено од Управата за јавни приходи, во кое од 2010 година на правното лице му била блокирана сметката, по што истиот ги избришал оригиналните податоци за фактичката состојба на фирмата и впишал невистинити податоци.

По ова, првопријавената фалсификуваното уверение го употребила како вистинито за да учествува на јавен оглас во ЈП „Чистота и Зеленило“-Куманово.