Александра Грубор и Анита Николовска, одделенски наставници при ООУ „Толи Зордумис“ подрачно улилиште во село Режановце, Куманово, се најдоа во финалето на овогодинешното издание на КРЕФ – Меѓународен филмски училишен фестивал, кој годинава се одржува во Штип.
„Волшебна магија“ се насловени филмовите на кумановските наставнички.
Целта на филмот „Волшебна магија 1“ е подигање на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотреба на отпадот. Водечка улога во филмот имаат ученици од III-5 и V-5 одделение, односно деца на возраст од осум и десет години.
– Оваа идеја претставува само дел од многуте сработени продукти на нашите ученици, кои се вклучија во изработка на украси од природни материјали , камен , како и пластична амбалажа , гумен отпад и стари предмети од домаќинството, изјави Анита Николовска, ментор на филмот.
Loading...
Проектот бил поделен во седум етапи: разгледување на непосредната околина, планирање на активностите и избор на неколку градини што ќе се декорираат, набавка на потребен материјал и алат за работа, собирање и селекција на отпаден материјал, изработка на украси, декорирање на избраните градини со сработените украси и цвеќе,како и виртуелно средување на градина по избор на учениците во програмата Minecraft .
Вториот филм иако, има сличен наслов, сепак има поинакви цели. На него под менторство на наставничката Грубор работеле учениците од петто одделение.