Во два наврати во текот на вчерашниот ден припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале на пожар во кругот на фабриката за цевки и профили – „ФЗЦ“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била започната во 10:30 и траела нешто повеќе од половина час, односно во 11:10 истата била завршена, а учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари. Втората интервенција на пожарникарите била во период од 14:32 до 15;06 часот, исто така со едно возило и пет припадници на ТППЕ.
Во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи не се наведуваат подетални информации за причините и штетата, како и обемот на настанатите пламени јазици.
Loading...