Двајца загинати при пад на канадер во Италија: Се урна над вулканот Етна

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа кога канадер што гаснел голем пожар се урна на падините на вулканот Етна во Италија.

Loading...

Авионот удрил во планински срт, паднал и експлодирал, јавија италијанските медиуми.

Канадерот полетал од градот Ламезија во регионот Калабрија, а потоа зел вода за гаснење во реонот на населбата Ѓареа и продолжил да го гасне пожарот што се ширел во областа на планината Калсинера.