Двајца тешко повредени при судир на „опел“ и мопед во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица се тешко повредени, од кои едно малолетно, при судир на автомобил марка „опел“ и мопед што се случила викендов во Куманово.

Loading...

– На 01.03.2025 во 11.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„Трајко Прокопиев“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(44) од Куманово, и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(42) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите до 20 степени

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски