Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден околу 08.00 часот, во близина на граничен камен 59 биле откриени две лица, и тоа државјанин на Р. Германија и Р. Бразил кои оствариле нелегален влез воР.Македонија заедно со група на мигранти и се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија при што сториле прекршок по член 9 од Законот за Гранична контрола.
Loading...
На лицата им е издадено Решение за протерување на странец од Р.Македонија со забрана за повторно влегување во Р.Македонија за период од пет години, и истите биле задолжени веднаш да ја напуштат територијата на Р.Македонија.