Два дрона паднаа во руската област Калуга, околу 300 километри од Москва

Сподели со своите пријатели

Две беспилотни летала (дронови) паднале на автопатот во руската област Калуга, која на север граничи со Московската област, а локалниот гувернер денеска изјави дека немало експлозија, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Областа е оградена“, рече регионалниот гувернер Владислав Шапша на апликацијата за пораки Телеграм.

Според информациите на Шапша, беспилотните летала паднале на околу 280-300 километри од Москва.

Минатата недела Русија објави дека украински беспилотни летала погодиле богати области на Москва, што Киев го негираше.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.