Дури и кога се на паркинг, електричните возила трошат енергија

Сподели со своите пријатели

Клиентите и компаниите кои одлучуваат да купат електричен автомобил ја земаат предвид неговата набавна цена и потрошувачката при возење.

Loading...

Сепак, има и скриена потрошувачка кога автомобилот е во мирување.

Истражувањето спроведено од белгискиот енергетски стартап „Реалто“ покажа дека трошоците можат да бидат и до 600 евра годишно, доколку се земат предвид цените на струјата во Белгија.

Дополнителната потрошувачка на електрична енергија е предизвикана од потрошувачката за време на одмор во таканаречениот „слип мод“, а испаѓа дека загубата е поголема од очекуваната.

Електричните автомобили постојано пренесуваат податоци до корисничката апликација: температура, статус на батеријата… – и ова троши многу повеќе енергија од паметен телефон, покажуваат истражувањата.