Дунав се излеа од коритата во Унгарија, а водата стигна до зградата на парламентот во Будимпешта.
Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите се уште е сериозна и тешка.
„Во случајот на Лајта, денеска се очекува највисокиот водостој досега, врвот може да биде во Мошонмаџаровар. Во случајот со Дунав, истото се очекува и во селото Дунаремет“, рече Орбан.
Како што рече, се разгледува и Австрија. Тој истакна дека повеќето несакани настани не се случуваат на врвот, туку за време на бавниот пад, што е забележан и кај Австријците.
„Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој, бидејќи после тоа може да има проблеми“, изјави Орбан.
Сепак, добрата вест е што во наредната недела не очекува пороен дожд.
Тој додаде дека се очекува поплавата да ја напушти земјата до средината на следната недела.
Ситуацијата е сè уште сериозна и тешка, но нивото на одбрана дава причина за оптимизам“, заклучи Виктор Орбан.
View this post on Instagram