Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави денеска дека падот на проектил на полска територија кога две лица загинаа „веројатно бил несреќен инцидент“.
„Нема причина да се верува дека ракетниот инцидент е намерен напад врз Полска“, рече Дуда по седницата на Советот за безбедност.
Тој додаде дека истрагата се уште е во тек, пренесуваат полските медиуми.
„Во пограничната област на Украина насекаде паѓаа руски ракети, а Украина се бранеше. Имаше многу сериозни напади и Русија треба да биде обвинета за тоа, но нема индикации дека станува збор за намерен напад врз Полска“, рече. Дуда.
Како што додаде, најверојатно е ракета од руско производство од 1970-тите да паднала на полска територија, но „немаме докази дека е лансирана од Русија, а постои голема веројатност дека тоа е резултат на дејствијата на Украинската воздушна одбрана“.