Дрога и пари пронајдени кај осуденик во кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Прашкаста материја, таблети и пари, биле пронајдени кај осуденик од Радовиш кој издржувал затворска казна во Затвор Куманово.

Loading...

– На 01.03.2024 во 15.12 часот во СВР Куманово, од Казнено – поправната установа Затвор Кшање било пријавено дека при преглед кај осуденикот Ш.Ш.(47) од Радовиш биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети и пари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.

– По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три пожари изминатото деноноќие во Куманово

Никола Ивановски