DRӒXLMAIER обезбеди нови постелнини за болницата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Компанијата активно придонесува за унапредување на различни области на секојдневното живеење

Loading...

Околу 130 нови комплетни постелнини кои ги обезбеди DRӒXLMAIER Македонија се распределени во различни медицински оддели во општата болница во Куманово. Со обновата на постелнината во вид на креветски чаршафи и навлаки за перници значително ќе се подобрат условите за престој на пациентите од една страна, а од друга страна ќе се зајакнат болничките капацитети.

„Како компанија која себе си се смета за дел од општеството во коешто делува, DRӒXLMAIER Македонија презема бројни активности за поддршка на јавните здравствени установи во насока на унапредување на јавното здравје. Со кумановската болница веќе имаме воспоставено одлична соработка и среќни сме што можеме да дадеме свој придонес за подобрување на условите во оваа здравствена установа која згрижува пациенти од целиот регион“, потенцираа од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бесплатен превоз и билет за натпреварот Црвена Звезда – Зенит

 

 

Изминатите неколку години покажаа дека грижата едни за други е и тоа како важна и дека е потребно сите заедно да делуваме во насока на јакнењето на здравствените капацитети и зачувувањето на јавното здравје.

„На иницијатива на DRӒXLMAIER Македонија добивме нова донација, овој пат во вид на комплетно нови постелнини. Драго ни е што во регионот на Куманово имаме вака општествено одговорни компании кои во своето работење ги вклучуваат и здравствените установи“, рече Снежана Захариева, директорка на ЈЗУ Општа болница Куманово.

Loading...

DRӒXLMAIER Македонија за време на своето десет годишно постење во земјата преку бројни проекти и донации постојано придонесува за унапредување и развој на заедницата кадешто делува.
Компанијата претходно обезбеди медицински апарати како и медицинска опрема за јавните здравствни установи не само во Куманово, туку и во Кавадарци, Неготино, Прилеп и Велес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец баран со потерница поради тешка кражба