Донаторите ветија 2,44 милијарди долари помош за Авганистан

Сподели со своите пријатели

Земјите донатори ветија 2,44 милијарди долари помош за Авганистан на донаторската конференција на која ОН поставија цел од 4,4 милијарди долари, изјави висок претставник на ОН, пренесе Хина.

Loading...

Претходно генералот на ОН Антонио Гутереш ги повика донаторите да обезбедат „безусловни“ средства и предупреди дека девет милиони Авганистанци се соочуваат со глад и дека семејствата ги продаваат своите деца и органи за да преживеат.

 

Загинаа 8 рудари во експлозијата во Србија, 20 лица се повредени

 

Џојс Мсуја, заменик-координатор на службите за итни случаи на ОН, рече дека биле ветени 2,44 милијарди долари во разговорите за време на кои западните донатори, вклучително САД, Европската унија и Велика Британија, силно ја критикуваа одлуката на Талибанците да им го одбијат средното образование на девојчињата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Авганистанската економија ослабе

Според ОН, 24,4 милиони луѓе во Авганистан моментално се зависни од хуманитарна помош за да преживеат – речиси 60 отсто од населението.

Loading...

 

Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина

 

На авганистанското население како целина моментално му е потребна три пати повеќе хуманитарна помош од 2021 година.

По повлекувањето на меѓународните сили, падот на владата поддржана од САД во Кабул и враќањето на талибанците на власт во август 2021 година, авганистанската економија ослабе за речиси една третина.