ДОМИНИРААТ: Петмина кошаркари на Куманово на поширокиот репрезентативен список
On:
Сподели со своите пријатели
Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Марјан Јанески, Александар Штерјов и Димитар Караџовски се играчите од Кошакарскиот клуб Куманово кои се најдоа на поширокиот репрезентативен список на селекторот Јорданчо Давитков.
Најголемиот дел од репрезентативците ставени на списокот на Давитков се од кошаркарските клубови Куманово и МЗТ Скопје Аеродром.
Петмината кумановци заедно со уште 18 кошаркарски имиња ќе бидат повикани за вториот прозорец во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2021.
Во рамките на овој прозорец ќе биде одигран само еден натпревар на домашен терен против селекцијата на Словачка која во првиот прозорец беше совладата од машката сениорска репрезентација на Македонија со резултат 66:74.
Натпреварот ќе се одигра на 25 февруари со почеток во 20:15 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“.