Долги редици на патарината пред Куманово, како и на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

На граничниот премин Табановце за излез од државата има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез, соопшти АМСМ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Информацијата се однесува само за македонската страна на премините. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози поради невремето што ја зафати Македонија во попладневните часови.

На социјалната мрежа Фејсбук, граѓани на Куманово јавуваат и за долги редици на патарината на влез во Куманово.