Жителите на Велика Биртанија од следната година ќе мора да докажуваат дека се полнолетни пред да им се дозволи да пристапат на порнографските сајтови, соопштуваат британските власти.
Порнографските сајтови ќе мораат од април 2018 година, да докажат дека го блокирале пристапот на малолетници, како и дека корисниците најверојатно ќе мора да приложат некој доказ за полнолетство, како што се податоци од кредитни картички.
Регулаторите ќе може да ги казнуваат сајтовите кои не ја почитуваат одлуката, наведува агенцијата АП. Националното здружение за спречување на злоставување деца соопштило дека оваа мерка е за заштита на младите и нивната фантазија.
Критичарите предупредуваат дека порнографските сајтови на тој начин ќе можат да собираат приватни информации за корисниците и нивните порнографски навики.
Loading...