Дојче Телеком една недела нема да наплаќа за разговори кон Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Германскиот телекомуникациски гигант Дојче Телеком објави дека нема да наплаќа за разговори меѓу Германија, Турција и Сирија до средината на февруари, со цел да ја олесни комуникацијата по страшниот земјотрес кој однесе илјадници животи.

Loading...

Компанијата нема да наплаќа од корисниците за разговори од 6 февруари, ретроактивно, до 15 февруари, а сите клиенти на Телеком и Конгстар ќе бидат ослободени од таксата, се вели во соопштението објавено денеска.

„Длабоко сме погодени“

„Сликите и извештаите кои моментално ни пристигнуваат од Турција и Сирија длабоко нѐ погодуваат и растажуваат. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напиша извршниот директор на ДТ Тим Хотгес на LinkedIn.

„Сакаме да покажеме солидарност, додаде Хотгес, посочувајќи дека многу работници на ДТ имаат семејни врски со Турција и Сирија“.

Повеќе од три милиони германски државјани се со турско потекло, забележува Ројтерс, а Германија примила и еден милион сириски бегалци од граѓанската војна.

Дојче Телеком планира да донира милион евра за хуманитарна помош.

Според моментално достапните податоци, земјотресот однесе повеќе од 9.500 човечки животи во Турција и Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...