Додик организираше прослава по повод победата на Трамп (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјави дека победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави е многу важен ден за РС.

Loading...

„Ова е и наша победа. Тоа значи дека ние во РС ќе имаме барем малку повеќе шанса да дојдеме до центрите на одлучувачка моќ од гледна точка на нашите интереси“, изјави Додик на новинарите на коктелот што го организираше во Палатата на Републиката на по повод победата на Трамп.

Тој додаде дека гестот на Трамп придонесе американското знаме повторно да биде истакнато во Палатата на Републиката во Бања Лука.

 

 

Според него, РС сакала Трамп да победи и тоа се случило.

„Таа победа некако ја вбројувам како сите наши победи досега. Претходната администрација беше неправедна кон нас, беше нефункционална, а сега очекуваме дека оние на чело со Трамп сигурно ќе бидат пообјективни“, рече Додик.

Loading...

„Бидејќи американската амбасада во Сараево не ја организираше прославата на победата на Доналд Трамп, јас како претседател на Република Српска ја организирав“, напиша тој на X.

Тој, заедно со другите највисоки функционери на РС, е на американската „црна листа“ поради обвинувањата за прекршување на Дејтонскиот мировен договор.

Додик во последните две години упати сериозни обвинувања кон администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, а особено кон американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи.

 

 

Претседателот на РС верува дека ќе најде начин да допре до важни луѓе во администрацијата на Трамп.

Пред палатата на Републиката во Бања Лука се собраа голем број претставници на РС по повод победата на Трамп, а Додик носеше црвена капа, која е симбол на Трамп, на која беше неговата позната парола „Направи ја Америка повторно голема“.

Loading...