Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска на свечената седница на Советот на Општина Куманово ги додели Ноемвриските награди за оваа година.
Четири физички и две правни лица беа одликувани со највисокото општинско признание кое се доделува на поединци и субјекти за постигнат особен успех во областа на нивното дејствување.
Добитниците се:
Стефан Трајановски, лекар специјалист по ортопедска хирургија, вработен во Одделот за ортопедија во Општина болница Куманово, за неговата долгогодишна работа и посветеност во вршење на здравсетвената дејност во областа на ортопедска хирургија.
Проф. д-р Халим Хида, просветен работник и дипломат, во пензија, за неговата повеќедецениска творечка активност преку издавањето на многубројни научни трудови и публикации од областа на воспитно – образовната дејност.
Драган Колебен, ликовен уметник, организатор и учесник на многубројни ликовни изложви во државата и во странство, кој има изработено повеќе од 500 уметнички дела кои се препознатливи по неговиот специфичен стил на ликовно изразување.
Драган Петровиќ, фудбалер и капитен на Футсал репрезентацијата на Македонија, кој има осовено четири шампионски и три куп титули во македонското Футсал првенство и е прогласен за еден од најдобрите играчи од страна на Фудбалската федерација на Македонија.
ИМП „Гроздановски“ ДООЕЛ Куманово, за 20-годишно успешно работење во областа на месната индустрија, односно во процесот на преработка на месо и производство на месни производи со врвен квалитет, почитувајќи ги професионалните стандарди.
КУД „Српски вез“ Куманово, за 10-годишното постоење и збогатување на културниот и забавниот живот во градот, негувањето, афирмацијата, и презентацијата на српскиот фолклор и културните традиции од нашиот град, успешното пренесување на знаења и обучување на најмладата популација и добиените многубројни награди и признанија при настапите на фестивали и концерти во државата и во странство.
Никола Ивановски